Градските власти во Вашингтон соопштија дека за време на Парада на гордоста, по тврдењето дека некој испукал куршум, ги натерал луѓето масовно да бегаат, при што неколку лица се повреден, а седум се во болница.
„Многу луѓе се разбегаа, бидејќи некои рекоа дека има човек со пиштол и дека некој испукал куршум”, велат од полицијата.
Еден човек бил приведен оти поседувал оружје, додаде полицијата, наведувајќи дека за време на митингот немало пукања.
Градските власти потврдија дека немало пукање, но дека полицијата и пожарникарите дошле да ги згрижат повредените при бегство.