Не сакаме Северна Македонија да ја промени историјата, туку да ја каже вистината, изјавила министерот за надворешни работи на Бугарија, Ектерина Захариева, пренесуваат бугарските медиуми.
„Не постои начин да се направи компромис со вистината. Јас многу пати сум кажувала, ние таков компромис не сакаме. Самиот Гоце Делчев многу пати велел дека е Бугарин. Тоа што за мене е апсурдно, а подвлекувам, не е предлог на нивната Влада, е општо празнување на Гоце Делчев на 7 октомври. Многу Бугари не знаат дека тоа е датата на едно од најголемите предавства и ние не можеме да го празнуваме“, посочила Захариева објаснувајќи дека на 7 октомври Георги Димитров ги испратил коските на Гоце Делчев во Скопје.
Захариева истакнала дека двете влади сакале побрзо темпо во работата на комисијата за историски прашања.
„Причина за тоа е што тие продолжуваат да ги лажат нивните деца и создаваат фалшлив национализам. Тие треба да ја кажат вистината. Не сакаме да ја сменат историјата, туку да ја кажат вистината. И затоа толку се фокусираме на учебниците, бидејќи додека ги воспитуваат децата врз фалшлив национализам, ништо нема да се промени. Треба да почне промена на нивниот менталитет“.