Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро се повлече од турнирот во Лондон поради повреда на коленото.
Ова е официјално потврдено на твитер-профилот на турнирот.
Аргентинецот во првиот круг го победи канадскиот тенисер Денис Шаповалов (7:5, 6:4).
Неговиот противник требаше да биде Шпанецот Фелисиано Лопез, кој без борба обезбеди учество во четвртфиналето.