Во духот на вековната традиција годинава на невестата Тања Лепческа и зетот Златко Димовски, им е исполнета желбата својата љубов да ја крунисаат во Црквата Свети Петар и Павле со галичка свадба на ден 15 јули 2018 година.
Како по некое непишано правило и годинешните младенци пред традиционалната галичка свадба, се решија и за класична свадба каде ќе ја прослават и официјализираат својата љубов пред семејствата, родините, пријателите…
Па така, галичките младенци во еден скопски ресторан изминатиот викенд и официјално станаа сопружници.
Невестата на себе имаше традиционална венчаница во која изгледаше како принцеза, додека зетот го испочитува стандардниот изглед во клсичен костум.
Инку, за галичката свадба на 15-ти јули, Тања и Златко не се случајно избрани.
Тања Лепческа е по потекло галичанка и од мала е активна во секоја Галичка свадба како учесник, а подоцна и нејзиното момче, а сега веќе и сопруг.
фото:фесјбук