Полицаецот С.Б. кој беше потешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај скопската обиколница им подлегнал на повредите во Ургентниот центар, потврдија од МВР.

Вториот повреден полицаец е вон животна опасност.

Според информации од МВР, во несреќата во која учествувале патничко и полициско возило и камион, на самото место загина совозачот во „бмв“-то, а меѓу повредените е и возачот.

Несреќата, како што наведуваат од МВР, се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „бмв“. Во тој момент камион „ман“ удрил во „бмв“-то, по што тоа удрило во полициското возило „шкода јети“ и се запалило.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје вчера изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.