Британецот Енди Мареј заедно со Шпанецот Фелисијано Лопез го освои турнирот во Лондон во игра на двојки.
Во финалето тие беа поуспешни од двојката Раџив Рам (САД) / Џо Салисбери (Велика Британија) со 7:6 (8:6), 5:7, 10:5.
За Мареј, лондонскиот турнир беше првиот по закрепнувањето од повреда на колкот.
Турнир во британската престолнина имаше награден фонд од два милиони евра.