Осомничениот за убиствата на Вања Ѓурчевска и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски, кој е во притвор во Турција, доколку има добар адвокат, може комплетно да ја закочи постапката за екстрадиција, тврди адвокат, објавува  порталот Фактор.

Според експерти, кои заради сензитивноста на случајот сакаат да останат анонимки, Палевски би можел со месеци, па и години да остане во Турција.

-Доколку има добар адвокат, тој прво може воопшто и да не прифати да биде екстрадиран во земјава со тврдење дека во Македонија му се случува политички прогон, а во прилог на тоа многу лесно ќе обезбеди докази од експлицитните изјави на надлежните за него, вели адвокатот консултиран од Фактор.

Според истиот извор, доколку дојде до тоа, турските власти ќе мора да ги проверат сите негови тврдења со оглед на тоа што во целиот случај индиректно е инволвирана и неговата партија, односно, користено е службено возило на партијата, а категоричните изјави само одат во прилог на тврдењето дека тој е политичка жртва во земјава.

-Секако, постои и опција тој да ја прифати екстрадицијата, но, доколку се одлучи за другата опција, тогаш до неговата екстрадиција во земјава ќе поминат месеци, вели адвокатот.