Соопштение до јавноста Обраќање до Претседателот на судски совет

Во врска со вчерашната телефонска изјава на Претседателот на судскиот совет г-дин Киро Здравев дека ,,седницата е веќе закажана и дека ќе се одржи по ултимативниот рок на одбраната,, денес повторно го повикувам да смогне сила и да оддолее на притисоците кои се прават врз него за целиот овој временски период и да свика итна  вонредна седница на судскиот совет и веднаш да одговори на барањето од Претседателот на основниот кривичен суд  дека поднесеното барање од негова страна за продолжување на мандатот на поранешната судија – поротник Лидија Ивановска – Кочковска е незаконито и спротивно на Законот за судови и Законот за судски совет како и  дека  Судскиот совет нема законски основ за донесување на таква одлука  бидејќи на истата веќе и е престанат мандатот со протекот на времето за која истата е избрана.

Воедно со неговата вчерашна изјава како и недавање на одговор по однос на поставените прашања кои јавно му беа поставени, можам да сметам дека постапуват спротивно на Уставот и законите во РСМ, иако преку институцијата која ја раководи е најповикан за почитување на уставот и законите на РСМ и за почитување на НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСТВОТО.

Доколку и понатаму во наредните денови не даде јавно одговор на поставените прашања бидејќи јавноста мора да биде запознаена со неговата работа и работата на институцијата со која раководи и не достави одговор на барањето на претседателот на Основниот кривичен совет станува потикнувач и помагач при вршење на повеќе кривични дел, а воедно и самостојно врши дејствиија кои  имаат обележја на кривични дела согласно КЗ.

Јавноста а и судската фела како и членовите на Судскиот совет треба да бидат запознаени со сите незаконски дејствија кои се предземаат од негова страна и го охрарувам јавно да проговори за притисоците кои ги трпи за целиов овој период.

Денес му доставувам уште едно прашање на Претседателот на судски совет г-дин Кирил Здравев

Дали договорот со Вашите наредбодавачи е до 27 јануари незаконски да се заврши предметот ,,ТНТ,, а на седницата закажана на 27 јануари да го изберете Огнен Ставрев за судија на Апелациониот суд?

Адвокат Јовица Страшевски