КУРИР дознава дека две години после локалните избори, расположението на силите во Советот на најголемата скопска општина Аеродром, е целосно променет.

По завршувањето на изборите ВМРО-ДПМНЕ имаше 14 советници, СДСМ 8, а Левица 5.

Две години подоцна, двајца советници ја напуштија советничката група на СДСМ и сега гласаат со поддршка за клучните проекти кои значат развој на Општина Аеродром.

СДСМ во овој момент во Аеродром има само еден советник повеќе од Левица.

Бродот кај СДСМ очигледно продолжува да тоне од ден за ден.