Општина Аеродром соопшти дека шестиот фестивал „Гола месечина“, кој го организира заедно со  „Театар Комедија“, оваа година наместо во јуни ќе се одржува од 2 до 9 септември.

-Фестивалот чија цел е да го збогати културниот живот во општината и предизвикува сè поголем интерес кај граѓаните, и годинава ќе се одржи во спортскиот центар „Ново Лисиче“, а влезот ќе биде бесплатен, информира Општина Аеродром