Истражен судија во загребскиот Жупански суд одреди едномесечен притвор за десетмина осомничени во аферата Јанаф поради опасност од влијание врз сведоците.

Управа за сузбивање на корупција и криминал (УСКОК) за 10 од 13 осомничени во аферата Јанаф побара притвор поради можно влијание врз сведоците. Помеѓу осомничените се и градоначалнивите на Нова Горица и на Нова Градишка, Дражен Баришиќ (ХДЗ) и Винко Гргиќ (СДП), на кои вчера им беше укинат пратеничкиот имунитет откако беа уапсени.

Пратеничкиот имунитет одземен му е и на Дарко Пуљашиќ (ХДЗ).

Првпат во Хрватска во еден ден им е укинат имунитетот на тројца пратеници.

УСКОК почна истрага против директорот на компанијата Јанаф, Драган Ковачевиќ и уште десетмина осомничени за проневера со тендери. Ковачевиќ е на чело на Јанаф, државна компанија што доставува сурова нафта преку цевководи, од 2012 година.

Приведените лица се товарат за фаворизирање на фирми во распределбата на милионски бизниси, додека Ковачевиќ е осомничен и за примање мито.