АФЕРА ПАРАЗИТИ: Во М-НАВ освен Хамиди и Крстевски, плата од 3.000 евра зема и Салмани кој за еден мандат ќе добие 144.000 евра

/ 18.11.2022

Аферата Паразити продолжува во М НАВ. Покрај Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски, плата од 3.000 евра месечно зема и Миѓен Салмани, член на Управен Одбор и Извршен Директор за финансиски работи, за правни работи, развој и инвестиции во М НАВ, вели Ивица Томовски членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласи дека Салмани за една година од М НАВ зема и до 36.000 евра, а за еден мандат ќе наплати 144.000 евра.

-Кој е придонесот на Салмани, за оваа висока плата? Што направил Салмани за да ги одработи тие 3.000 евра месечна плата? Салмани, заедно со Фехрудин Хамиди и Владо Крстевски, го чинат државното М НАВ над 630.000 евра за плати за време од 4 години. Да, над 630.000 евра за 4 години ја чинат М НАВ овие тројца директори, а никој не знае кој е нивниот придонес. Дел од Паразити е и Фестим Халили, директор на ФИТР, тој месечно зема плата од 1.000 евра. А за еден мандат тоа се речиси 50.000 евра, вели Томовски.

Тој прашува кој е бенефитот за Македонија од работата на Халили?

-Со плата иста како Халили е и Љубе Бошкоски, кој зема 50.000 евра за еден мандат, а резултатот од неговото работење како советник во владата никој не го знае. Аферата Паразити покажува десетици функционери именувани од владата како земаат десетици илјади евра на име плата, а притоа немаат никаков резултат, со што би ги оправдале така високите примања, додека народот гладува, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.


Од истата категорија