Повеќе од 20 милиони денари се индициите за затаен данок од фирмите поврзани со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

Управата за јавни приходи (УЈП) открила затајување данок во БМЈ груп, Меѓународен сојуз и Томато продукција, а контрола извршила и во 1ТВ.

Во Меѓународниот сојузи во кој претседател беше токму Боки 13, УЈП при контролата забележала дека  не се приложени документи за ваучерите за одредени семејства за кои биле исплаќани средства со што бил сокриен приходот.

Инспекторите откриле договор меѓу Јовановски  и компаниите „Дрим Билдинг“ и ГП „Пелистер“ за изградба на Европски комплекс, а парите кои тие требало да ги добие Сојузот, биле префрлени на физички лица односно кај заменик претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ и кај пензионерката Лилјана Тодоровска на лични сметки. Од УЈП вчера на Јовановски му бил доставен записникот, но тој одбил да го потпише со образложеноие дека дал неотповиклива оставка во Сојузот.

Во БМЈ Груп, УЈП при контролата забележала префрлање на пари од 1ТВ за набавка на опрема, но не била издадена фактуира со што не бил пресметан данок. БМЈ Груп не евидентирале фактури и за концертите на Северина и Марија Шерифовиќ со што не го искажале приходот и нема пресметка на ДДВ.

Инспекрори на Управата извршиле контрола и во Томато продукција која за 4.000 евра месечна закупнина му го издавала објектот на Боки 13 за телевизијата. Во Томато, пак, нашле затајување на данок при побарувањата на сопственикот на Томато од сопственичката на земјиштето која му била сопруга  без да и биде доставена фактура. Објектот, според УЈП бил изграден од страна на Томато во 2009 година, но земјиштето било на сопругата на сопственикот на продукцијата и му го издавала без надомест. Објектот бил избришан од евиденцијата не сметководствените книги во 2015 година и се водел на сопругата на сопственикот на Томато. Кривична ќе биде поднесена за неиздавање на фактура за да се пресмета ДДВ и персоналниот данок.

Од УЈП информираат дека врши контрола во уште една фирма, која била поврзана со овие три фирми и дека ќе направи контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.