Седум фудбалери на Ваљадолид биле поткупени пред натпреварот од последното, 38. коло од шампионатот на Шпанија против Валенсија, објавија шпанските медиуми.

Тамошната полиција располага со видео на кое се слушаат следниве зборови: „Гледај, другар. Валенсија победува и во првото и во второто полувреме, така? Седум играчи се купени, не повеќе“.

Овие зборови се изрекуваат од страна на поранешниот напаѓач на голем број шпански клубови, Карлос Аранда, кој беше уапсен како дел од операцијата „Оикос“.

Валенсиај го доби натпреварот на гостински терен со 2:0 (полувреме 1:0). Оваа победа и донесе пласман во Лигата на шампионите, оставајќи го зад себе Хетафе кој мораше да се задоволи со учество во Лига Европа.