Претседателот на ДУИ Али Ахмети, во својот говор во гостиварско Чегране, зборуваше и за руското влијание во земјава, јавува ТВ21.

Ахмети рече дека мора да се биде внимателен, затоа што Москва се обидува да има влијание во земјава, а му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не сонува дека ќе направи 61 пратеник со Левица.

– Длабоко сум убеден и верувам во дефинирањето на главните политички партии, кои имаат прозападна ориентација. ВМРО-ДПМНЕ греши ако мисли дека со Левица ќе направи мнозинство со 61 пратеник и да ја марганилизира ДУИ, рече Ахмети.

Тој додаде дека „ни треба единствено за членство во ЕУ“.

– Не ми се допаѓаат сојузите што ги прават, ВМРО. Грешат ако мислат со Левица да направат 61 мандат и да ја маргинализираат и закопаат ДУИ како единствена пречка која наводно „Македонците не можат да напредуваат затоа што им ја земавме власта и тие ќе го враќаат достоинството на Македонците“. Многу грешат и овие соништа да не ги гледаат, вели Ахмети.

Тој под мотото „Заедно за Европа“ денеска го започна, како што велат, принципот на отчетност пред граѓаните и политичката активност на ДУИ да ја презентира работата што ја сработиле.

Денеска, пак, во Битола другата група од незадоволните функционери од ДУИ познати како „огнена група“ одржаа средба со тамношните граѓани. Меѓу другото, тие го критикуваа лошото работење на владата од страна на министрите од ДУИ.