Под покровителство на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Скопје се одржа свечена академија по повод 13-годишнината на независноста на Република Косово.

Ахмети во својот говор истакна дека овој настан придонел за помирен и постабилен регион.

-Денеска е многу значаен настан. Овој значаен момент служел и на регионот за еден помирен и постабиле регион, бидејќи, е вековно вложување на Албанците во Косово и Македонија за да бидат слободни и рамноправни со сите луѓе што живееле и живеат заедно. Косово уште е во незатворен процес до взаемното признавање од Србија и влегувањето во Организацијата на Обединетите Нации и другите меѓународни институции. Ова е не толку лесен процес, во кој е потребен ангажирање и посветување за да се затвори со успех и за да се зајакне мирот, стабилноста, сигурноста внатре во регионот, каде што и ние живееме, рече Ахмети.

На академијата беа присутни амбасадорите на Косова и на Албанија во нашата земја, претседателот на pарламентот Талат Џафери и други функционери на ДУИ.

Свечената академија беше збогатена и со културни активности.