С. Македонија се вброи во групата од 24 НАТО сојузници кои веќе исполнија една од обврските од Самитот во Велс, а тоа е издвојување на повеќе од 20 отсто од одбранбениот буџет за модернизација на вооружените сили, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– На НАТО состанокот на министрите за одбрана денеска зборувавме и за иницијативата НАТО 2030 која има за цел воено и политичко зацврстување на Алијансата, како и за новиот Стратегиски концепт на НАТО планиран за 2022 година, објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.

Министерката на објавата додава хаштаг #NATO #DefMin.