На ова нема што да се каже. Го враќаш Ленин, а го бришеш Петре Пирузе, ја враќаш Железничка, а ги бришеш Јордан Мијалков, за Аминта и Филип Втрои и да не зборуваме. Четврти јули пак и онака никој веќе не се ни сеќава, а младите поим немаат што е тоа.
Капак на се е што во услови на оваа ситуација со Бугарија, го бришеш Борис Сарафов. Инаку, Сарафов е еден од тројцата членови на Револуционерниот штаб на Илинденското востание во Битолско. Заедно со Даме Груев. Е да го бришеш него, тоа, се чини, веќе е дијагноза.