Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера во Арачиново истакна дека Албанците се луѓе со добра волја, го сакаат животот, иднината, ја сакаат слободата.

ДУИ, како што се вели во партиското соопштение, вчера на жителите во Општина Арачиново им ја објасни важноста од гласањето на 30 септември за да членство во НАТО, гласајќи за европска Македонија.

– Не се сомневам на определбата, ниту на силната волја на Албанците дека на 30 септември ќе и кажат да на Европа, да на НАТО, да на иднината. Албанците беа неиздвоен дел од процесот, ние бевме дел од решението на овој процес, дел од решението на овој спор. Ви гарантирам како ваш брат, дека со зачленувањето на оваа земја во НАТО и ЕУ завршува сонот на Истокот за да владеат со Албанците во овие простории. Излезете и гласајте за Македонија на 30 септември, затоа што се одлучува нашата иднина, иднината на ова земја, рече Ахмети.

Во средбата со граѓаните на Арачиново, во негова придружба беа вицепремиерот за европски прашања и пратеникот Ејуп Алими. За време на денешниот ден е предвидено средба со граѓаните во Општина Студеничани и Општина Шуто Оризари, соопштија од ДУИ.