Во светот постојано се експериментира со нови вкусови кафе, а последниот е кафе со вкус на брокула.

Едно кафуле во Мелбурн во својата понуда има најнов тренд – еспресо и капучино од брокула.

Вработените во кафулето Комонфолк кофи велат дека тоа е многу здрав напиток, појаснувајќи дека две лажички брокула во прав содржат хранливи материи како цела порција брокули.

– Откривме дека има голема група обожувачи на брокула кои водат сметка за здравјето и им се допаѓа такво кафе, како и некои кои сакаат пијалок од цвекло или куркума, изјави сопственикот на кафулето Сем Кек.

Иако кафето содржи добри протеини и влакна, Кек признава дека реакциите од гостите се различни, а некои не се воопшто воодушевени.