Јас сум крв македонска, јас сум син на Македонија, душа ќе дадам ако треба само за мила Македонија, објави и денеска Ајхан Кавадар, кој е роден во Турција, а неговите претци се иселиле од Македонија.

Тој секојдневно на социјалните мрежи објавува патриотски пораки во кои искажува нескриена љубов кон Македонија, која не ја сака со придавки и додавки, едноставно само како Македонија. Кавадар е пример за патриот од кого може да учат многу Македонци кои живеат во Македонија.

Тој денеска го слави 51 роденден.

– Денеска ми е роденден. Со пријатели сум најсреќен. Фала му на бога оти ме роди да си живеам како Македоец. Ја сум крв македонска, јас сум син на Македонија, душа ќе давам ако треба само за мила Македонија, објави Кавадар денеска на Фејсбук.

Тој секојдневно објавува порака за помош на затворените патриоти и уставобранители на Македонија.

Нека му е среќен роденденот на македонскиот патриот, кој ништо не „ќарил“ од Македонија, а толку многу ја сака.

(Д.Г.)