Скопската Зоолошката градина вечерва информираа дека пцовисала жирафата Тобого.

– Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати, објавија од ЗОО на Фејсбук.

Тобого е роден во Франкфурт во 2010 година, а жител на Скопје беше од ноември 2013 година.

– Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување, додаваат од скопската Зоолошка градина.