Голем број полицајци вечерва се наоѓаат во скопско Арачиново. Министерството за внатрешни работи сè уште не дава информации за што точно станува збор.

Според јавувањето од репортерот на ТВ21, на терен се повеќе од триесетина специјалци и голем број на полициски возила.

Во скопско Арачиново вечерва се спроведува полициска акција која се уште е во тек, потврди за МИА, портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Повеќе детали за полициската акција портпаролот на МВР најави за утре.