Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 74 возачи.
Како што посочуваат од МВР, од вкупниот број на санкции, 34 се на територијата на СВР Тетово, 23 на територијата на СВР Охрид…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.