Полициски  службеници од СВР Битола-ОВР Ресен вчера го лишиле од слобода Б.Н.(75) од село Шурлинци, ресенско. Кај него, во дворното место во село Шурлинци е пронајдена поголема количина огревно дабово дрво, без жиг и испратница.

-Дрвната маса е одземена и предадена на Национални шуми Подружница Ресен, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Фото: архива на МИА