Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци го подмета пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, е осуден на условна казна од шест месеци, објави „Нова Македонија“.

Тој е е осуден на алтернативна условна осуда со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

Алабаковски уште за време на истрагата го призна делото, но не кажа од кои мотиви го сторил.

По пресудата, на Алабаковски му се вратени двата пасоша, и македонскиот и американскиот.