Масимилијано Алегри проговори за претстојниот натпревар помеѓу Јувентус и Интер.

– Интер останува фаворит за титулата барем до вечерва. Очигледно и на Милан им оди добро, и на Наполи. Мислам дека една од овие три екипи ќе победи. Знаеме дека се бориме за место во Лигата на шампионите. Има уште многу поени за да се освојат и треба да останеме фокусирани. За среќа, тимот автоматски се штима за таков натпревар, нема потреба дополнително да го мотивирам и да барам да ја задржи концентрацијата, изјави тренерот на Јувентус.

Натпреварот Јувентус – Интер се игра во Торино со почеток во 20:45 часот.

По 30 кола во Серија А, лидер е Милан со 66 бодови, Наполи е втор со 63, трет е Интер со 60 и натпревар помалку, Јувентус е четврти со 59.