Нема точна бројка колку случаи на етничка злоупотреби при вработување се откриени, но министерот за администрација и информатичко општество, Азир Алиу, во емиисјата Клик Плус на ТВ21 рече дека секој административец ќе има свој етнички профил.

„За да се вработите во администрација ќе имате профил во агенција за администрација. Со отворањето на овој профил и забележувањето на вашата националност, ова ќе ви остане до крајот на животот, така што верувам дека е многу добар чекор да се види барем дека ако некој подоцна злоупотреби, ќе имаме јасна слика“, рече Алиу.

Тој нема конкретни бројки за етничко злоупотреби, но ги спомена случаите што ги дознал од медиумите каде „7 Македонци се изјасниле како Албанци“ за да си обезбедат работа во јавната администрација.