Оваа инвалидска количка веќе една деценија ја има 52-годишниот Бејтула Бејтула од селото Орланци општина Арачиново како неразделен сопатник во животот. Неговите две ампутирани нозе и постојаните здравствени проблеми со дијабетес му го скратиле сонот за подобар живот за него и неговото семејство. Она што уште повеќе ја отежнува ситуацијата е што тој преживува само со 11.000 денари месечно, колку што изнесуваат двете инвалидски неги што ги има, се вели во прилогот на ТВ АЛСАТ за овој случај.

„Сега добивам помош само за нега, 11 илјади денари. Тие ми се единствениот приход, немам други приходи. Сепак, повторно благодарение на добротворните луѓе, пријатели кои ми помагаат по малку и можам да стигнам до крај, но сепак е тешко. Знате дека со 11 илјади денари за нормално живеење, тричлено семејство не може да живее повеќе од една недела и тоа едноставно не е луксуз. Невозможно е, само за храна, но плус лековите што ги имам…“, рече Бејтула Бејтула, жител на село Орланце.

Бејтула има направено 17 операции, но болките никогаш не престанале. По еден месец треба да одлучи дали ќе ја направи 18 операција. Покрај хируршките интервенции, има и долга листа на лекови кои ја сочинуваат неговата редовна терапија.

„Тука некаде имам списокот со терапии, 8.500 ден месечно примам терапија, плус онаа за болка што ја добивам затоа што тие болки не престануваат, пијам неколку капки во мало шише и оние од Швајцарија што еден ми ги носи. Едно мало шише чини 80 евра, додека месецот ми требаат две шишиња бидејќи без нив болката нема престанува“, додаде Бејтула Бејтула, жител на село Орланце.

Бејтула, има критики и кон здравствениот систем зашто бил принуден да плати за одредени тестови и покрај неговата дијагноза./Алсат.мк
Мелихате Рустеми

Заинтересираните кои сакаат да му помогнат на ова семејство можат да се обратат на телефонскиот број: +389 71 747 513 Бејтула Бејтула, село Oрланце, општина Арачиново.