Административна грешка е, гласи одговорот од Амбасадата на САД во Македонија, за ставањето на починатиот сопруг на бившата шефица на СЈО, Катица Јанева, на американската црна листа, објави ТВ Телма.

Покрај Јанева, како што беше објавено, забрана за влез во САД добиле и нејзиниот син Лазар, а во првичното соопштениe беше наведен и одамна починатиот сопруг на Јанева, Венци Јанев.

Од Амбасадата за ТВ Телма ја потврдуваат грешката и велат дека „имааат целосна доверба во доказите и собраните информации кои се побарани од нив, според американскиот закон, за Јанева да биде ставена на црната листа.

„Тие податоци се внимателно проверени и овде и во Вашингтон за секој поединец што го вклучуваме на нашата листа. Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција. Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка“, велат од Амбасадата на САД во одговорот до ТВ Телма.

Извор: ТВ Телма