НАТО нема да се врати на границите на кои се простираше од пред две децении, изјави амбасадорката Џулијан Смит, постојан претставник на САД во НАТО.

За време на синоќешната конференциска врска во Брисел. таа потенцираше дека Алијансата нема да се врати на форматот што го имаше пред две децении.

– Кога разговарате со нашите сојузници во НАТО, постои јасен консензус за едно прашање, а тоа е дека оваа Алијанса нема намера да го врати времето назад и да се врати во една сосема поинаква ера, каде што имавме многу поинаков сојуз со помали и многу различни отпечатоци. Ние функционираме во денешниот свет, изјави Смит.

Американската амбасадорка тоа го изјави на барање да ја коментира изјавата на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој рече дека „НАТО мора да се врати на своите граници од 1997 година“.

Што се однесува на денешната средба , на која ќе се разговара за военото засилување на Русија долж украинската граница, Смит истакна дека САД, сојузниците во НАТО и Русија се „посветени на дијалог“.

– Мислам дека во моментов, луѓето чувствуваат дека и сојузниците и Русите, вклучително и САД, сите се посветени на дијалогот во овој момент, рече таа во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен од седиштето на НАТО во Брисел. Но, истовремено, сите сојузници се обединети во пораката до Русите дека доколку одлучат за понатамошна инвазија на Украина, ќе се соочат со огромни последици од НАТО и од ЕУ, рече таа.

Денешниот состанок е втор од трите клучни ангажмани со Русија, наменети за смирување на растечката закана што ја претставува Русија за соседна Украина, додека Москва натрупа илјадници војници долж границата. Во понеделникот претставниците и Русија седнаа во Женева на повеќе од седум часа разговори, потесетува Си-Ен-Ен.

И  на разговорите во понеделникот, Русија продолжи да бара гаранции дека на Украина никогаш нема да и биде дозволено да се приклучи на НАТО.  „Искрено, не гледам многу компромиси“ за прашањето за пристапот на НАТО кон проширувањето, изјави Смит.

– Во овој момент, дозволете ми да бидам многу, многу јасна — никој не сугерира да ја смениме политиката на НАТО за проширувањето, рече Смит. „Вратата останува отворена. Никој нема право да ја шутне и затвори вратата. И секоја одлука за проширувањето ќе продолжи да се носи меѓу НАТО и земјата за која станува збор, појасни таа.

Но, таа рече дека ќе има и други прашања на маса за разговори со Русија, вклучително и барања за поставување „некои реципрочни ограничувања“ на воените вежби и ракетите.
Русија распореди 100.000 војници на украинската граница, а Смит оцени дека САД „не виделе јасни знаци на деескалација“ од Русија во текот на досегашните разговори.

– Русија сè уште има околу 100.000 сили на границата со Украина. Веруваме дека тие имаат планови да распоредат повеќе сили напред, рече таа. Смит повтори дека оправдувањето на Русите дека трупаат војници за вежби, „во овој момент навистина не држи вода“.

– Тие тврдат дека вежбаат. Тоа изгледа како ужасни многу сили што треба да ги има на границата за вежба и немаше известување за каква било вежба. Значи, не ни е точно јасно зошто ги трупаат силите на границата, рече Смит.