Големо предавство и се подготвува на Македонија со прифаќањето на францускио предлог, предупредува поранешниот амбасадор на Македонија во Грција, сега член на Советот на амбасадори, Љупчо Арсовски.

Тој на својот профил на Фејсбук предупреди дека со францускиот предлог на Македонија ѝ се подготвува огромно предавство, пренесувајќи дека бугарските медиуми го објавиле „протоколот кој го крие предавничката македонска власт од народот“.

Во постот се објавени неколку точки.

Прво: Протоколот е составен од преговарачка рамка, за која двете страни се договориле да биде криена од народот, значи го лажат народот дека протоколот е само формален, тоа што е јасно е дека нема да има датум, Македонија нема да добие датум сѐ додека не ги исполни бугарските услови од протоколот!

Второ: Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ додека не го смени Уставот, при што се бара Бугарите да бидат внесени како државотворна заедница а не како малцинство!

Трето: Македонија нема да добие датум се додека не ги смени учебниците под контрола на Бугарија, односно се додека не ја бугаризира својата историја!

Четврто: Македонија нема да добие датум се додека не ги смени написите на спомениците, односно македонските херои да бидат запишани како бугарски!

Петто: Договорено е откако предавничката власт ќе го потпише протоколот, да биде организирана фото сесија на Ковачевски и Османи во Брисел, за да се фалат пред народот дека добиле датум, а потоа Македонија ќе мора да ги исполни сите бугарски ултиматуми наместо да работи на реални европски стандарди!

Шесто: Во текстот на преговарачката рамка која треба да ја усвои македонското собрание, ќе биде изоставен делот за македонскиот како дијалект на бугарскиот јазик, за да нема револт, па потоа ќе биде обелоденето дека е прифатено да биде дијалект на бугарскиот јазик, преку декларации (затоа Османи цело време го лаже народот дека јазикот е обезбеден и дека предлогот не задира во идентитетот, а всушност е договорено да ги објават декларациите подоцна).

Седмо: Дополнително, дури и ако во преговорите меѓу страните се постигне договор за сите теми и овој договор се потпише, останува обврската на државите да продолжат да водат нови состаноци на комисијата, и можноста да се потпишуваат нови протоколи, во кои е можно да се вметне постигнатиот договор за нови теми кои моментално не се во преден план.

Мудроста е да се предвидат последиците, пишува во својот пост поранешниот амбасадор Арсовски.