Кога твоите „пријатели“ од Стејт департментот на САД те нарекуваат „Северномакедонец“, твитна американскиот државјанин и пријател на Македонија, Џејсон Мико.

Тој реагира на називите што министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги добива во САД, според придавката во името на Македонија што го доби по Преспанскиот договор, во официјална објава на американската влада по средба со претставници на Вашингтон.

Мико реагира на именувањето на Шеќеринска како „северномакедонска“ министерка иако и според Преспанскиот договор, зад кој стојат и САД, не треба да се користи придавка различна од македонски, македонска или македонско.

– Кога твоите „пријатели“ од Стејт департментот на САД те нарекуваат „Северномакедонец“… Секогаш и само #Македонија и #македонски”, објави Мико на Твитер, барајќи да не се користи придавката северномакедонски.