Во Њујорк и во Вашингтон се оддржа необична протестна акција во која учествуваа луѓе кои заработуваат повеќе од еден милион долари годишно и имаат сопственост вредна над пет милиони долари.

Протестите беа организирани од движењето „Патриотски милионери“, кое се бори за високи даноци за супербогатите Американци.
Во Вашингтон, учесниците на протестот вчера се собраа пред домот на првиот човек на Амазон, Џеф Безос, и носеа плакати со натписи како „Доста со гомненици. Оданочете ги богатите“.

Покрај тоа, по улиците на Њујорк и Вашингтон се возеа мобилни билборди кои застануваа кај домот на Мич Меконел, лидер на сенатското малцинство, кабинетот на Чак Шумер, лидер на сенатското мнозинство, кај зградата на Капитолот. На билбордите беа насмеаните ликови на Безос, Елон Маск, Марк Закерберг и други милијардери и порачуваа „Оданочиме ако можеш“.

Со акцијата патриотските милионери ги повикаа властите на САД да ги зголемат даноците за супербогатите.

Демократите и претседателот Џо Бајден всушност и се обидуваат да претстават нацрт закон за зголемување на даноците за корпорациите и граѓаните кои заработуваат повеќе од 400.000 долари годишно за да се соберат пари за финансирање на инфраструктурниот проект вреден речиси 2.3 трилиони долари.

Според членовите на движењето, најмногу даноци треба да плати самиот Безос и сличните нему, кои купуваат недвижности и јахти вредни десетици милиони долари. Богатството на Безос е во висина од 185 милијарди долари. Според Си-ен-би-си, во 2019 година тој купил стан по цена од 80 милиони долари, а во 2020 година купил куќа по цена од 16 милиони долари, а сега наводно порачал изградба на јахта што наводно ќе чини повеќе од 500 милиони долари.

Според проценките на Институтот за оданочување и економска политика, во 2020 годна компанијата Амазон платила само 9,4 проценти федерален данок на доход, а самиот данок на доход во САД е 21 отсто.