Лекувањето на државјаните на Косово и Албанија под исти услови како и граѓаните на Македонија е скандалозно, пишува на својот ФБ профил заменик народниот правобранител, Јован Андоновски.
Според него, ова прашање може да биде регулирано само со билатерален договор помеѓу државите, под реципрочни услови, а не со наредба на министер.
Тој пишува дека неофицијално, вакви договори не постојат!
Беззаконието мора веднаш да запре. Очекувам реакција од Владата, медиумите и јавноста, вели Андоновски.
Неговата реакција доаѓа по изјавата на министерот за здравство Меџити дека пациентите од Косово и Албанија ќе можат да се лекуваат во Македонија под исти услови како и македонските граѓани, зашто тие тука не биле странци.