Стефан АНДОНОВСКИ
Убави вести денеска од САД – силна потврда за напредокот на Македонија во сајбер безбедноста
Владиниот Центар за одговот на сајбер инциденти (MKD-GOV-CSIRT) е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти.
Особено е важно дека овој чекор се прави со домашни човечки и инфраструктурни ресурси од Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од нашите пријатели од САД и ЕУ. За Македонија ова е важен чекор во градењето посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност.
Ова членство значи поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при справување со сајбер закани. Со ова, завршуваме уште еден чекор од Реформската агенда со рок 30 јуни 2026 година и отклучуваме нови средства од Планот за раст.

Продолжуваме да инвестираме во капацитетите на службите за одговор на сајбер инциденти, во заштитата на институциите и во безбедноста на дигиталните услуги за граѓаните и компаниите.

Види помалку