Предводникот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, кој е еден од најзаслужните за блескавите игри на нашите фудбалери, по мечот со Германија откри под каков голем притисок беше низ мартовскиот собир и поради борбата на неговата сопруга со коронавирусот, пренесува порталот Економски.мк.

Сепак, Ангеловски допатувал во Германија затоа што и момците му ветија дека ќе направат се за да победат и за неа…

-Што да ви кажам. Не можам ништо посебно, од емоција, од среќа. Знам дека ги направивме сите во Македонија среќни. Дојдов со овие момци тука затоа што ми ветија дека ќе победат, рече популарниот Мрмр.

Инаку, додаде тој дека сите сите мисли ми се во Македонија.

-Мојата сопруга лежеше во болница поради Ковид-19. За среќа, сега е подобро. Децата ми даваат поддршка, им благодарам на сите. Што да кажам повеќе, единствено да заплачам, истакна нашиот селектор.