Само 23 отсто од граѓаните сметаат дека Владата, предводена од Зоран Заев, има капацитет за битка со корупцијата.

Ова се гледа од анкетата во која ТВ Телма и МЦМС испитувале колку граѓани веруваат во способноста на Владата да се соочи со корупцијата.

Мнозинство од граѓаните 71,8 осто сметаат дека Владата нема капацитет за справување со корупцијата, а 23,4 проценти мислат дека има. Според истражувањето само 4,8 отсто од граѓаните не знаат или одбиваат да одговорат на прашањето.

Анализа на резултатите на анкетата покажува дека и голем процент од гласачите на владејачките СДСМ и ДУИ не веруваат во капацитетите на власта да се справи со корупцијата.