Француската крајно десничарска партија Национален фронт, предводена од страна на Марин Ле Пен, првпат ја претрка партија на францускиот претседател Емануел Макрон, центристичката Република во движење на анкета за намерите на гласачите пред изборите за новиот состав на Европскиот парламент.
Според резултатите од најновото истражување спроведено од Институтот ИФОП објавена денеска, партијата на Макрон ужива доверба од 19 отсто од анкетираните Французи – за еден процент помалку отколку во август, а партијата на Ле Пен има рекордна поддршка 21 отсто, додека во споредба со претходните анкети имаше поддршка од 17 отсто од испитаниците.
Анкетата беше спроведена на 30 и 31 октомври меѓу 1.000 Французи, од кои беше побарано да кажат за кого би гласале ако изборите за Европскиот Парламентот се одржат следната недела.
Изборите за новиот ЕП ќе се одржат во мај 2019 година.