Според анкета на интернет-страницата Твил, Русите сметаат дека Сочи е градот каде што живеат највеселите луѓе во нивната земја.

Имено, резултатите говорат дека 25 отсто од Русите го избрале Сочи за највесел град. По него следат Јалта (21 отсто) и Екатеринбург, за кој се одлучиле 12 отсто од испитаниците.

Москва е на четврто место со девет отсто од гласовите, а на петтото место се најде културната престолнина на Русија – Санкт Петербург (пет отсто).

Во декември 2018 година, Сочи беше прогласен за најпопуларен руски град меѓу туристите.