Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ги одржи дванаесеттата и тринаесеттата седница.

На дневен ред на 12-тата седница се пет приговори поднесени од Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, како партија, учесник/организатор на изборна кампања.

Првиот приговор  е против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против Градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против Градоначалник на општина Шуто Оризари. Четвртиот приговор поднесен до ДКСК е против Градоначалник на општина Кисела Вода, а петтиот против Градоначалник на Град Скопје.

На дневен ред на 13-тата седница на Антикорупциската комисија е точката за постапување по предмети отворени во постапки по службена должност за можен  судир на интереси.