Во текот минатиот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а со телесни повреди осум лица.

Од сообраќај биле исклучени три возила кои не биле регистрирани и девет возачи пред да се стекнат со право на управување на возила.

Според информациите од СВР Скопје, со поголeма брзина од дозволената се движел еден возач.

За непрописно паркирање биле издадени 10 казни, додека пајакот подигнал осум возила.