На првиот ден од стапувањето во сила на заострените мерки против ковид во Словенија се забележува големо незадоволство кај невакцинираните, но засега не се регистрирани поголеми инциденти. Најголемото незадоволство е кај возачите кои ако немаат ковид-пропусница не можат на наточат гориво во својот автомобил.

Повеќето дистрибутери, меѓу нив и љубљански „Петрол“, кој го снабдува 60 отсто од пазарот на нафтени деривати во земјата, ригоpозно го применува правилото ПВТ (прележани, вакцинирани, тестирани).

Ова правило го донесе словенечката влада во саботата и тоа значи дека секој возач мора да прикаже соодветен документ доколку сака да наточи гориво во својот автомобил. Од оваа одлука изземени се само возачите на меѓународен транспорт кои имаат обврска да носат само заштитна маска.

Во Словенија како што објавуваат словенечките медиуми, е регистриран инцидент на бензинса пумпа кога еден возач, незадоволен од образложението дека не може да наточи бензин без ковид-пропусница, седнал во своето возило и се заклучил и предизвикал голема редица од возила.

Набрзо интеpвенирала полицијата, а возилото било отстрането со пајак-служба.

Според тамошните медиуми, еден ден пред да стапат во сила новите мерки бил значително зголемен прометот на бензинските пумпи, но медиумите наведуваат дека не е точно оти многумина полнеле и дополнителни резерви на гориво за да се обезбедат додека траат pестрикциите.