Пропагандата за „антиквизација на Македонија“ во последнава децеија ја руши една фотографија направена пред речиси еден век во Соединетите Американски Држави.

Имено, објавена е фотографија на која Македонци иселеници се фотографирани со слика од Александар Македонски.

– Македонците во САД со слика на Александар Македонски. Фотогарфијата е стара речиси 100 години. Значи уште пред 100 години Македонците во САД, замислете, да ти биле ,,искомплексирани“, пишува во ироничниот коментар под фотографијата која е објавена на Фејсбук.