Светски познатиот шпански актер Антонио Бандерас е позитивен за коронавирусот. Тој ги сподели овие информации со своите фанови на Инстаграм.

„Сакам да ве известам дека денес, 10 август, бев принуден да го прославам 60-тиот роденден во карантин, бидејќи бев тестиран за „Ковид-19“ и наодот беше позитивен. Би сакал да додадам дека се чувствувам релативно добро, само малку поуморен од вообичаеното и уверен сум дека ќе се опоравам што е можно поскоро со следење на медицинските упатства за кои се надевам дека ќе ми овозможат да победам“, напиша актерот и додаде:

„Ќе ја користам оваа изолација за да читам, пишувам, одморам и да продолжам да правам планови“, напиша Бандерас на Инстаграм.