Нестабилното време со сончеви периоди, пороен дожд и грмежи, ќе продолжи до крајот на неделава во Македонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Миминалната температура ќе се спушти со 11, а максималната ќе достигне 36 степени.