Москва упати барање до Вашингтон, САД да престанат со снабдување со оружје за Киев.

– Осумстотини милиони долари – оружје за толкава вредност ќе биде испратено во Киев од Вашингтон. Тоа е огромна сума и тоа не придонесува за никакво решение, изјави рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов.

– Нагласивме дека е неприфатливо САД да испорачува оружје на Украина и побаравме да се запре со таквите практики, рече тој.

Антонов оцени дека целта на САД е „да ја спречат Русија да застане цврсто на нозе и да се слушне гласот на Русија“.