АРАЧИНОВО РЕКОРДЕР ВО КРАЖБА НА СТРУЈА: Апсолутниот рекорд во селото го држи една од петте трафостаници во која кражбата е 96,1 отсто 

/ 30.08.2022

ЕВН има податоци според трафостаници во таа општина, кои се всушност и многу загрижувачки бидејќи сите покажуваат кражба на струја. Кај една трафостаница таа загуба на енергија достигнува 96,1 отсто, кај пет трафостаници загубата изнесува од 81 до над 85 проценти, а кај останатите се движи од 56 до 79 проценти, велат од компанијата за mkd.mk.

Од таму додаваат дека вакви проблеми имаат и во останати населени места, главно во скопско, Тетово и Гостивар и на сите овие места доминира население од албански етнички состав.

Од компаниајта за порталот велат дека годишно се краде струја во износ од 6 милиони евра само во Арачиново, а тоа во своите сметки го плаќаат сите граѓани.

Додаваат дека во Арачиново струја не краделе само домаќинства туку и производствени капацитети за кои струјата треба да биде уште поскапа.

Компанијата ги евидентира сите случаи. Велат дека по договорот да им се овозможи пристап до мрежата во Арачиново, ќе можат прецизно да определат од каде се крадела струјата и да дејствуваат во согласност со законот.

Во моментов, како што велат од компанијата за МКД, немаат проблеми со локалното население и реконструкцијата на мрежата оди со предвидената динамика.


Од истата категорија