Од свои име и од името на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Вам и на сите муслимани во нашата Татковина, ви го честитам завршувањето на благословениот Рамазан и настапувањето на Фитр Бајрам.
Рамазан е прекрасен пример дека човекот треба да живее не само за себе, туку, пред сѐ, за Бога и за своите ближни. Тоа браќата муслимани, во овој месец на духовно очистување, го покажаа со пост, со богобојазливост и со грижа и љубов кон другите.
Го молиме милостивиот и милосрден Бог да ги прими усрдните молби на сите свои чеда, дарувајќи ни мир, слога и заедништво.
Бајрам мубарек олсун!
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН