Познатиот руски манастирот Валаам информира дека со особена духовна радост го прославил празникот на Свети Атанасиј Александриски, бидејќи на овој ден директорот на Православниот културно-просветен центар „Свет Валаама“, архимандрит Методиј традиционално ја слави Крстната слава на своето семејство Петрови од скопско Радишани, Македонија. Од манастирот Валаам  појаснуваат дека секој род во Македонија има свој „патронален празник“ наречен Крстна слава.

На 31 јануари, Методиј (Венко Петров) и браќата на манастирот во свето достоинство ја извршија Божествената литургија во манастирската црква Св. Кирил и Методиј. На Божествената литургија присуствуваа бројни жители на манастирот, како и гости и аџии.

Прочитајте на веб-страницата на манастирот Валаам: